Честитка за “дуќанче” од 324 м2 до еден од портпаролите на “Мериот” коалицијата

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски пишува за огромен деловен простор кој екс градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски го стекнал во зграда во општината што ја водеше во два мандати.

Коневски пред неколку месеци најави тужба против Стоилковски за наводите според кои Коневски кој е еден од актуелните гласноговорници на таканаречената “Мериот” коалиција предводена од Сашо Мијалков, купил огромен локал.

“Комшија, да честитаме ли?
Гледам си нашол закупец, а зградата е готова, па може и “кредитот” си го добил, тој кој што “закупецот” треба да го сервисира. За дуќанчето од 324 метри квадратни.

Репостирам дел од колумната КАКО БЕЗ ПАРИ ДО „ДУЌАНЧЕ“ ОД ПОЛА МИЛИОН? од некаде кај 10ти август.

” Во секој случај, мислам дека многу пикантери крие оваа новоградба среде парк и ќе се дознаат многу наскоро.
На пример, дали можеби во локал од 324 метри квадратни ќе се отвори уште еден од ланецот маркети на уште еден екс- градоначалник? Или, дали случајно кумашинот на градоначалникот кој протестираше, а потоа даде одобрение за градба, ќе се всели токму тука? Вклучително и ексградоначалникот „со планови“; оваа зграда веќе описно ја нарекувам „ЗЕЛС во мало“, пишува Стиолковски.