Честитка од американската амбасада за Илинден

Американската амбасада во Скопје упати честитка до македонските граѓани по повод празникот Илинден.

„Од сите нас во Американската aмбасада: Честита 118-та годишнина од Илинден“, стои во честитката, објавена на фејсбук страницата на Амбасадата на македонски, албански и англиски.