Чешкиот претседател го брани Орбан: Трансродовите луѓе се „одвратни“

Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека смета дека трансродовите луѓе се „одвратни“, јавува Ројтерс.

Тој го коментираше контроверзниот унгарски закон со кој се забранува дистрибуција на материјали за лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови (ЛГБТ) во училишта, зашто таквата содржина промовирала хомосексуалност и промената на полот.

Земан вели дека подложување на операција за промена на полот, во суштина е извршување кривично дело на самоповредување.

„Секоја операција е ризик и овие трансродови луѓе се одвратни за мене“, вели Земан.

Опозиционите партии во Унгарија, групите за човекови права и многу водачи на Европската унија го критикуваат законот, холандскиот премиер Марк Руте на самитот минатата недела го повика унгарскиот премиер Виктор Орбан да ги почитува правата на луѓето од ЛГБТ заедницата или да ја напушти ЕУ.

Според Земан, обвинувањата против тој закон во Унгарија претставува мешање во внатрешните работи на земјата.

Тој смета дека Виктор Орбан не е против хомосексуалците, туку против манипулацијата со родителите и децата во сексуалното образование.