Трагедија утринава ја потресе Турција – загина чешкиот фудбалски репрезентативец Jозеф Шурал, а уште шестмина негови соиграчи од тимот на Аланијаспор се повредени во тешка сообраќајна незгода, откако комбето во кое се превезувале излетало од патот три километри пред влезот во Аланија.
Аланијаспор вчера играше против Кајзери во првенството на Турција, па тренерот им дал два слободни дена и седумтемина фудбалери решиле да се вратат со комбе. Заедно со несреќниот Шурал во комбето биле уште и Стивен Кокер, Демба Папис Сисе, Бајано, Џалма, Ајзак Секи и Велингтон.
Тие изнајмиле комбе со двајца возачи и се упатиле кон Аланија. Другите фудбалери завршиле во болница, а на Шурал му биле направени неколку операции, но подлегнал на повредите.
Возачот веднаш е притворен, а полицијата почна истрага за овој несреќен случај.
Извор: ТВ21