Чепреганов до Заев: И ако е од Вас, доста е!

„Ако Вие имате проблем со Вашиот идентитет, историја, јазик, култура и Ви требаат комисии за тоа да Ви го кажат кој сте и што сте, оставете не нас кои веќе со тоа сме расчистиле дека сме МАКЕДОНЦИ со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ИСТОРИЈА И КУЛТУРА“ – пишува професорот Тодор Чепреганов во отвореното писмо до премиерот Зоран Заев.

До кога ќе не распродавате, наддавате за тотално да не обезличите. Веќе немате ниту мерка, ниту усул. Со Вас т.е. покрај Вас си играат со нас Бугарите како што сакаат. Можам да ги сфатам бугарскиот претседател Радев, премиерот Борисов, министерката за надворешни работи Захариева и Каракачанов, кои ги бранат бугарските национални интереси за што биле и избрани и се одговорни пред своите гласачи. Но, прашањето е што браните Вие, г-дине Заев, бугарските или македонските национални интереси?!

Како што знам, избрани сте да ги браните македон ските. Но, според она што може да се слушне од Вашите изјави како и да не постои дисонантност меѓу Вас и бугарските Ви колеги. Ми се чини, според Вашите последни изблици на пријателство и добрососедство дека веќе сте во нивниот филм. Во таа еуфорија, па дури и зборувате како Бугарите ги ослободувале македонските градови. Г-дине Заев, кога не знаете нешто, немојте да го кажувате“ порачува Проф Чепреганов во Отвореното писмо.