Во последните 142 години бугарскиот политички врв не ја смени својата реторика, а таа е дека тие не го признаваат македонскиот народ, јазик, култура, вели историчартот Тодор Чепреганов, според кој ова не е случајно.

„Тоа само што сега го бараат од нас е да направиме самоубиство, откажувајќи се од сè. Ако сте пријатели тоа значи си помагате, сега имаме условено пријателство. Сега ние треба да го прифатиме тоа што тие го бараат. Во позадината на целата оваа работа е политиката, историјата е во втор план и треба да им послужи на политичарите. Ова не е пријателство, да бараат да се откажеме од се и како ќе влеземе таму без име, без јазик, како ќе не ценат таму така обезличени, како какви ќе бидеме во таа Европска унија“, рече професорот Чепреганов. за ТВ Алфа.