Со сончево и топло време започнува денешниот ден, а попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно.

Метеоролозите најавуваат можен пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

И во Скопје, попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, во делови од котлината во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 37 степени.

За можно невреме предупреди и министерот за земјоделие со објава на Фејсбук.