Без разлика дали на Али Ахмети советници му се странци или домашни експерти тој вчера покажа зошто е неприкосновен албански фактор во македонската политика откако се појави во 2001 година во својот штаб во Шипковица.
Со еден навидум неочекуван чекор тој апсолвираше неколку сериозни цели и позиции на неговата партија и покажа зошто освен во периодот 2006 – 2008, од 2002 година без поголеми напори постојано е дел од владата.
Најавата на вицепремиерот Бујар Османи ДУИ ќе предложи свој кандидат за претссдател а Ахмети од врвот на партијата добил одврзани раце да донесе финална одлука за самостоен настап на претседателските избори открива дека ДУИ нема намера да дојде во опасност да стане жртва на Заев.
Иако предходно токму на барање на Ахмети премиерот без никаква правна или политичка логика го воведе албанскиот јазик како службен дури и во едно Пехчево како пример за апсолутна неалбанска средина.
Свесен дека неспособноста на СДСМ во економијата и водењето на администрацијата може да го урне и имиџот на неговата партија меѓу Албанците, Ахмети размислува за независен кандидат за претседател кој ќе му донесе неколку важни политички и национални бенефити.
Со свој кандидат Ахмети станува двоен добитник затоа што ем ќе го натера СДСМ да предложи консензуален кандидат за кој евентуално би се гласало во втор круг ем прави чекор со свој кандидат кој ќе ја стабилизира позицијата ДУИ.
Откако му стана јасно дека нема да може да докаже со колку гласачи партиципирал во вкупната бројка гласови за консензуалниот кандидат тој не ги дава без борба гласачите на ДУИ на СДСМ. Со тоа ја спречува или барем ја забавува целта на Бихаќка каде не кријат дека откако Заев стана најпопуларен албански политичар, СДСМ сака да стане и најпопуларна албанска партија.
Дополнително Ахмети добива шанса да докаже дека Алијансата на Села и БЕСА на Касами не се поголема политичка групација од ДУИ во албанскиот блок.
Понатаму, со своите стотина илјади гласови во првиот круг Ахмети доаѓа во одлична позиција да прави пазар за вториот круг на претседателаките избори во кој ќе бидат вклучени и други теми поврзани со ингеренциите на владата.
Албанец за началник на генералштабот на АРМ, министер за надворешни или внатрешни работи, раководни места во УБК и Агенцијата за разузнавање, поголем број амбасадори и паралелна употреба на албанското знаме во официјална употреба се само неколку од темите кои ДУИ може да ги стави на маса во ваква ситуација.
Истовремено Ахмети ја обезбедува регуларноста на првиот круг на претседателските избори.
Со свој кандидат Ахмети му го избива на Мицкоски аргументот дека дека првиот круг од изборите може да биде е нерегуларен затоа што Алијансата и БЕСА од свои партиски причини нема да дозволат безочно полнење на избирачките кутии за консензуалниот кандидат.
Итриот Ахмети со одлука да оди сам на изборите ќе ги остави СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во директна битка да одлучат кој е кој во македонскиот блок и така да ја намали цената на Заев или Мицкоски во постизборниот период.
Замислете на што се ќе се согласи Заев ако се остварат предвидувањата на анкетите и во првиот круг без Албанците СДСМ освои 250 – 270 илјади гласови а ВМРО-ДПМНЕ 380-400 илјади (ако опозицијата даде поддршка на професорката Силјановска оваа бројка ќе биде над 470 илјади)
Во таков случај Ахмети во џеб ќе го има клучот од Владата, од Собранието и од сите други институции затоа што Заев нема да може да одбие ниту едно барање на Албанците дури и најрадикалните.
Истовремено СДСМ без сигурните албански гласови од столб се сведува на спотер за избор на претседател но среднорочно и за опстанок на владата.
За Ахмети, Села и Касами со нивните максимални 250 илјади гласови Заев веќе нема да биде доминантен туку номинално еднаков партнер на Албанците што може да го забрза процесот на најмалку фискална федерација.
Командантот на кој во 2001 година му се смееа дека е политички необразуван терорист по 18 години им држи часови по политика на своите коалициони партнери но и на Села и Касами.
Користејќи ја длабоката поделеност во македонското национално ткиво Ахмети успева со само 10 % од гласачкото тело да биде доминантен фактор во македонската политика дури и во услови кога Заев е подготвен на се за да докаже дека е поголем Албанец од сите Албанци.