Фатмир Лимани, професор по историја и поранешен заменик директор на ЕСМ, денеска поднесе независна кандидатура за градоначалник на општина Кичево, јавува 360 Степени.
Лимани собрал вкупно 420 потписи, што е повеќе од неопходните 350 потписи, потврдија од подрачното одделени на ДИК во Кичево, пренесува МИА.
Според некои шпекулации, како што пишува 360 Степени, Фатмир Лимани имал поддршка за кандидатурата од крилото околу поранешниот висок функционер и близок соработник на Али Ахмети, Муса Џафери
Во исто време, во оваа општина е регистрирана и првата независна советничка листа, чиј носител е Агим Садику.
„Денес ја имаме кандидатурата на Фатмир Лимани за градоначалник на Кичево на претстојните локални избори. Тој го собра неопходниот минимум од 350 потписи на граѓани и денеска официјално ја поднесе својата кандидатура. Во текот на денот е поднесено и првата независна советничка листа за која својот потпис го дадоа 372 граѓани“,одговоререче Младен Ванчоски од Подрачното одделение на ДИК во Кичево.
Ванчоски појасни дека граѓаните можат да ги доставуваат независните листи за собирање потписи за градоначалник или за советници до 30 август.
Лимани бил именуван за заменик-директор и за член на Управниот одбор на ЕСМ во 2011 година, каде што претходно бил член на Надзорниот одбор.
Според информации што пред неколку месеци ги објави Алсат, тој е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети“. Лимани изјави тогаш дека причините поради кои ќе се кандидира како независен се поради неуспесите на ДУИ, а особено на сегашниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари.
Објавата на Лимани
https://www.facebook.com/100397358844179/posts/102688275281754/