„Пазарот е мал, недоволно атрактивен и не остава простор за развој на независно новинарство, туку за новинарство кое зависи од политички или бизнис центри на моќ. Оттаму се јавува и тенденција за зголемување на јавните пари во медиумите, што најчесто е поттикнато и од дел од самите медиуми“ оценува претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски/

Првиот човек на Здружението на новинарите на Македонија предупредува:

„Но, слободата на медиумите и јавните пари во нив, не одат рака под рака, за тоа најдобро говори сега веќе далечната 2009 година, кога почна драматичниот пад во медиумските слободи. Тоа се случи откако државата истури пари за кампањи во медиумите и ја купи наклонетоста на газдите и дел од уредниците. Не би сакале ова да ни се повтори сега преку некој сличен модел“, дециден е Чадиковски. (Дојче веле)