Цетински: Тоше Проески не беше само човечко суштество, беше повеќе од тоа

Хрватскиот пејач Тони Цетински во интервју за тамошната телевизија Лаудато се осврна на своето пријателство со македонската музичка легенда Тоше Проески, чија трагична смрт вели дека страшно го погодила.

„Од Тоше научив многу, иако сум многу постар од него. Тој не беше само човечко суштество, беше повеќе од тоа“, изјави Цетински, додавајќи дека бил по малку лут кога Тоше загина во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка на 16 октомври 2007 година.

„Откога го нема, сакам да бидам подобар. Но, тоа беше период на лутина и на чувство на неправда, каде што избрзував. Бев во брак каде што се атеисти, тотално оддалечен од Црквата. Избрзував, одев со главата низ ѕид. Си дозволив пороци. Тотално залутав и застранив“, дополни тој.