Цензурираниот уметник чии дела кои ја коментираат уметноста преку инсталација во која се анализира ,,северна” дефинитивно е елиминиран од изложбата на Музеј на град Скопје.
Уметникот Зоран Шекеров чие дело требаше да биде дел од инсталацијата што почнува утре и дефинитивно не е дел од програмата на изложбата која се отвара Утре, 28-ми ноември, со почеток од 19:30 часот.
Шеќеров кој бил дел од шестмината уметници кои предходно заедно изложувале на Сардинија во Италија, не е наведен во официјалната програма на изложбата „A/R Каљари-Скопје” која ја организира Музејот на град Скопје.
Како што објави вчера expres.mk менаџментот на Музејот на град Скопје го цензурирала Шеќеров затоа што сакал да објави дело во кое се осврнува на северна како место каде што (не) може да постојат уметници.
Во подготовката на изложбата на Шекеров му било речено дека не може да му бидат објавени дела со тема ,северна” затоа што тоа било политичка порака.
Во официјалната програма на изложбата остануваат петте уметници кои предходно како тим изложувале во Италија а исфрлен е само Шекеров од кого било барано да се откаже од дело во кое ја руга северна ако сака да учествува на настанот.
Музејот на град Скопје го води кадар на Левица која најавува дека ако дојде на власт ќе ја исфрли северна но во случајов кадар на Димитар Апасиев ја брани ,,северна” и цензурира уметници затоа што искажуваат противење кон северна.
Директор на Музејот на град Скопје од Левица е Панче Велков а куратор на изложбата е неговата сопруга Гордана Велков.
На брачниот пар Велкови кадар на Левица им пречи тоа што на делото на Шекеров пишува: Уметник од Северна Македонија не е уметник при што дел од зборот North и Македонија се со црвена боја (An artist from North Macedonia is not an Artist).
Првичната вест
Скандал во Музеј на град Скопје: Уметник цензуриран исфрлен од изложба заради северна
Според официјалната програма издадена од Музејот на град Скопје во која Шеќеров е елиминиран, изложбата „A/R Каљари-Скопје“ има за цел обединување на делата изработени за време на Уметничката резиденција во 2022 година помеѓу двете места (Скопје/ Сант Антиоко, Сардинија). A/R (andata e ritorno; повратен пат) е патувачки дневник на уметниците, нивните идеи и соочување со новините од стекнатото искуство.
Целта на обединувањето на креацијата е да се развие идеја на зближување на младите уметници преку уметноста, културата, различностите во живеењето, но и сличностите во културата и традицијата во регионалните рамки на Европа кои делат заеднички вредности.
Во случајов Музејот на град Скопје се обидува да обедини два настани но без да го обедини и делото на Шеќеров кој учествувал на првата а сега е исфрлен заради ,,северна”
,,Тука обединувањето го ставаме во една географска поширока медитеранско-балканска рамка каде што на некој специфичен уметнички традиционален начин можат да се надоврзат уметноста, културата и традицијата на младите автори од Скопје и Сардинија, (Р.С. Македонија и Р.Италија).
Акцентот во уметничките дела спонтано го создаде контрастот на пејзажот помеѓу еден централно медитерански, географски изолиран регион со своите специфичности (културно, историски и современи), и пејсажот на градот Скопје како дел од македонскиот планинско- ограничен пејзаж, изолиран културно, историски и современо-политички помеѓу Балканот и Медитеранот.
Делата со кој се прикажуваат младите автори во Музејот на град Скопје и од двете страни се работени во различни медиуми, фотографија, дигитален цртеж, филм, звук. Сите се од областа на визуелните ликовни уметности, но исто така и музиката, поточно звучни сегменти, кои го отсликуваат и збогатуваат фигуралниот простор на некои од содржините на уметничките дела на авторите.
Кај македонските авторки Лина Дамјан и Ана Спасова преовладува фотографијата како медиум. Фотографскиот објектив кај двете авторки го отсликува нивниот различен фокус на сензации на уметничкото доживување како третман и уметнички пристап. Ана Спасова ја истражува архитектурата. Во нејзините фотографии се отсликува амбиентот на Медитеранот и магијата на историјата и културата која стои статично покрај современото и сѐ уште доминира на посебен начин врз цивилизациските вредности. Лина Дамјан на фотографиите интервенира и ги доработува во компјутерска графика и на реалната содржина и отстапува простор на имагинацијата и емоциите, создавајќи го оригиналното чувство и приказ на нејзините доживувања за време на уметничката резиденција во Сант Антиоко.
На изложбата со наслов „A/R Каљари-Скопје” се претставени и дела од младите уметници, со потекло од Сант Антиоко, како и една од главниот град на Сардинија, Каљари. Кјара Александра Јанг, Марко Манкони и Давиде Мариани .
Уметниците од Сардинија во периодот од 18.09.2022 до 02.10.2022 престојуваа во Уметничката резиденција на здружението „Македонида“, ул. „Атинска“ 2, Скопје каде ги изработија своите дела и на 01.10 прикажаа завршна работна изложба во просториите на резиденцијата. Исто така и македонските уметници од Скопје во периодот од 02.10.2022 до 16.10 2022. престојуваа во арт резиденцијата на здружението „Отоволанте Сулчис“, во Сант Антиоко и на 15.10 се претставија со работните уметнички дела во Градската галерија при Општината на градот Сант Антиоко.
Кураторка на изложбата е историчарката на уметност, Гордана Велков. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на РС Македонија, Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Р. Италија, Амбасадата на Р. Италија во Скопје, организациите „Отоволанте Сулчис“ и „Македонида“ и Музејот на град Скопје”, пишува во официјалната информација од Музејот на град Скопје.