За прв пат центарот за Македонски јазик Лерин учествува на антирасистичиот фестивал во Солун кој го организираат невладини организации за човекови права.
Како што објавуваат членови на Центарот кој во март ја доби правната битка со грчкото јавно обвинителство, пред јавноста во Солун е претставена мисијата на организацијата на Македонците во Грција.
Центарот беше регистриран ланската година а годинава во март судот во Лерин го одби барањето на грчкото јавно обвинителство за затворање на центарот.
Претставувањето на ЦЗМЈ од Лерин поминало без инциденти на антирасистичкиот конгрес во Солун.
,,Нашето минато е нашата иднина” пишува на грчки и македонски јазик на банерот на центарот кој е изложен на конгресот во Солун.