Центарот на Скопје под сообраќаен режим, поради синдикалниот протест

Во централното градско подрачје во Скопје денеска од 9 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим поради одржување синдикален протест.

-Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул.Мирче Ацев–ССМ, ул.Филип Втори Македонски, десно по ул.Димитрие Чуповски пред Министерство за правда, десно по бул.ВМРО и лево по бул.Илинден пред Влада- информираат од МВР.