„Побрзо ќе се изградат трите големи згради кај ‘Холидеј Ин’ отколку што обвинителството ќе одговори на пријавата од Аникорупциската комисија за деталниот урбанистички план!“, реагираат од Шанса за Центар, пренесе РадиоМоф.
Тоа значи, Обвинителството цели две години не успеало да одговори на претставката на Државната комисија за борба против корупцијата со која се бараше истрага за тоа како се носел овој урбанистички план, за кој Шанса за Центар многупати укажуваше дека е незаконски.
„А градоначалникот, кој за жал има лесна рака за потпишување на градежни дозволи, повторно покажа дека не му е важна законитоста на целиот процес туку што побрзо да ги задоволи интересите на инвеститорите! Ќе остане запаметен дека не се ни обиде да направи било каков чекор за промена, иако над 10.000 луѓе потпишаа онлајн петиција за запирање на планот“, соопшти Шанса за Центар.