Помал економски раст, но и повисока инфлација. НБРМ со надолна корекција на БДП. Годинава се очекува да се заврши со скромен раст на БДП од само 2 отсто, а според второто сценариo тој би изнесувал 2,3 проценти. Сепак, сè ќе зависи од тоа што ќе се случува со глобалните текови. Инфлација годинава ќе надмине 14 отсто, но ценовните шокови ќе продожат и во наредниот период да ја празнат потрошувачката кошница. Од банката сметаат дека тие навреме реагирале, во истиот момент кога се забележал пораст на цените на производите.

„Во споредба со април, кај сите енергенси се очекува раст и оваа и наредната година, освен кај нафтата каде се очекува поголем пад. Кај храната, исто така, ревизиите се нагорни“, вели Анита Ангеловска Бежовска – гувернерка на НБРМ.

Според НБРМ, јавниот долг се зголемува, па поради тоа и просторот за делување на владата со нови мерки за ублажување на проблемите од ценовните шокови ќе биде стеснет.

„Високото ниво на јавниот долг кое значајно се зголеми во време на пандемијата но на средне рок мора да се преземаат мерки за стабилизацја што во прјцитп го стеснува просотор на фискалната политика за реакција и бара добро смислени и таргетирани мерки“, додава Ангеловска Бежовска.

За да ја заузда инфлацијата, НБРМ до сега седум пати ја зголеми основната каматна стапка, но банките досега не направија драстични промени кај каматите на кредитите. Но, се очекува тие да продлжат да растат. Не се исклучува можноста НБРМ да направи ново затегнување на монетарната политика. Засега не се предвидува земјава да влезе во краткорочна рецесија. Но, повисоки стапките на раст од 4 отсто и инфлација од само 2 процента, може да се очекува дури за три години.