На предлог на Министерството за економија, Владата на вчерашната седница донесе одлука за продолжување на ограничувањето на цените на некои видови основни прехранбени производи до 29 февруари.
Наместо до 31 јануари , ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи ќе се продаваат по „замрзнати“ до крајот на идниот месец.
По владината Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, до 29 февруари останува во сила утврденото ограничување на цените до 31 јануари, за минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалоци (сокови), во определени пакувања како и светлото пиво.