Ова се случува откако руски „Газпром“ објави дека нема да испорачува гас во Европа преку гасоводот „Северен тек 1“ до натамошно известување поради проблеми со турбината.
По отворањето на холандскиот пазар, цената на гасот за договорите со датуми на испорака во октомври се зголеми за 30 отсто, на 272 евра за мегават час (MWh).
Потоа се стабилизираше на 256 евра за мегават час, што е зголемување за 23 отсто. Споредено со истиот период лани, гасот е речиси пет пати поголем.
Руски „Газпром“ во петокот објави дека нема да испраќа гас во Европа преку „Северен тек 1“ до понатамошно известување бидејќи е утврдено дека од главната гасна турбина на компресорската станица Портоваја кај Санкт Петербург истекува нафта.
