Цената на „зејтинот“ не повисока од 110 денари

„Во моментов, цената на зејтинот е формирана врз основа на тоа што Владата донесе одлука продажната цена на маслото кај трговците на мало да е еднаква со набавната цена кај трговците на големо, така што таа цена што денес е на рафтовите или,… 94 денари, всушност, е набавната цена што ја даваат трговците на големо“, објасни директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска-Димоска, во интервју за „360 степени“ на Алсат ТВ.

Зависно од производителот, зависно од тоа дали имаме пакувања од 0,8 литри, 0,9 или еден литар, цената на маслото за јадење во наредниот период очекуваме да се движи максимално до 110 денари, рече директорката на ДПИ.

Во однос на тоа дали постои и манипулација од страна на трговците, Симеска-Димоска посочи оти при инспекциските надзори кај некои трговци наишле на залихи во магацините, но не и на рафтовите.

„Во одредени ситуации, таму каде што најдовме во магацинот залиха, а немаше на рафтовите, во такви ситуации имаме и казна.