Цената на дизелот вечерва „ќе падне“ за уште 5 денари, најави Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 најави намалување од 5 денари на цената на дизелот.

„Вечерва очекуваме дополнително намалување, имајќи ги во предвид котациите на последните пет дена и најверојатно намалувањето , согласно анализите кои се прават во секторот за енергетика во Министерството за економија, би требало да биде за дизелот над 5 денари“, изјави Министерот за економија Крешник Бектеши, за ТВ 21.

„Ние очекуваме согласно нашите пресметки да биде над 5 денари намалувањето во делот на дизелот, но секако тоа ќе биде одлука на РКЕ која е независна институција“, порача Бектеши.

Дизел горивото моментално се продава по цена од 85 денари за литар.