Целта на мистериозниот дрон кој пред неколку дена летал над Кичево биле објекти на касарната на Македонската армија во овој град.
АРМ и МВР се уште молчат за тешкиот безбедносен инцидент над армиска касарна иако дронот кој во текот на ноќта пред Илинден бил забележан над касарната во Кичево над неа летал повеќе од 10 минути.
Засега неидтентификуваното летало било забележано од припадници на армијата по што било пријавено кај надлежните институции но засега никој не знае чиј бил дронот ниту каква задача имал.
Дронови не смеат да летаат без дозвола на МВР а особено не смеат да летаат над специфични објекти од државен интерес како касарни, воени или полициски објекти.
За инцидентот немаат информации ниту воената служба за разузнавање, ниту МВР ниту Агенцијата за национална безбедност.
Според експерти кои инсистираат на анонимност мала е веројатноста дронот да дошол од странска земја поради оддалеченоста на Кичево до странски воздушен простор и тој најверојатно полетал од македонска територија.
Која е неговата цел засега само се шпекулира но експертите предупредуваат дека и пред кражбата од магацин за опрема во Охридско имало информации за надлетување на дрон по што магацинот со опрема на МВР беше обиен а сторителите никогаш не беа најдени.
Тоа што посебно ги загрижува експертите е долгото летање на дронот над кичевската касарна како и тоа што дронот имал камера за ноќно снимање какви што немаат македонски цивили.
Во кичевската касарна која е снимана во екот на руската агресија на Украина и при кулминација на тензиите меѓу Косово и Србија кои дојдоа на чекор пред војна покажува дека Македонија нема капацитет ниту да открие летало кое без дозвола лета над својата територија.
Кичевската касарна ,,Чеде Филиповски Даме” е седиште на делови од Првата механизирана пешадиска бригада која важи за една од најдобро опремените и најподготвени единици на АРМ.
Повеќе детали за тешкиот инцидент