Целиот план за укинување на „македонските“ катедри на „Блаже Конески“

Expres.mk го објавува целиот документ, пријава/програма за менување на структурата на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”.

Програмата е поднесена од деканката на факултетот Анета Дучевска и во неа јасно се наведува дека двете катедри за македонски јазик и македонска книжевност треба да бидат укинати со новата структура која ја предлага Дучевска.

Внимателно читање на документот покажува дека тврдењата на професорката Јасна Котеска (која одби да го даде на медиумите документот) и претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев за опасност од укинување на двете македонски катедри се точни.

Во документот предложен од Дучевска јасно се гледа кој е планот, кога и како тој ќе се спроведе.

По консултации со адвокати и поради јавниот интерес expres.mk го објавува целиот документот кој не е заведен под ниедно ниво на тајност.