Цела година нема истрага за канабис лиценцата на синот на “Боро Малборо”

Цела година од лани во мај досега ниту една институција не се занимавала со можна корупција пронизџавање на лиценцата за одгледување медицинска марихуана која ја доби поранешниот осуден градоначалник на Ново Село Боро Стојчев познат под прекарот “Боро Малборо”.

Таткото на добитникот на владина лиценца за медицинска марихуана во јавноста го доби прекарот Боро Малборо откако пре две години пукаше на полицијата при обид на шверц на цигари од при што екс градоначалникот на СДСМ во јавноста беше наречен според марката Марлборо на познатиот светски производител Филип Морис.

Фирма чиј управител е синот на поранешниот градоначалник на струмичко Ново Село Боро Стојчев, кој е осуден за шверц со цигари, лани во мај доби лиценца за одгледување канабис за медицински цели. Одлуката била донесена на владина седница во април.

Компанијата „Еко енерџи“ чиј управител е Перо Стојчев е регистрирана лани во април, а сопственици се двајца македонски и еден бугарски државјанин. Стојчев помладиот за Телевизија 24 лани потврди дека фирмата чиј управител е тој добила лиценца за одгледување канабис и вели дека во тоа нема ништо спорно.

Сомнежи за клиентелизам во овој случај изрази и ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш портпаролот Димче Арсвски во дебата на ТВ 21 го обвини СДСМ дека во време на криза, доделува лиценци за вносен бизнис на фирми блиски до власта.

Управителот на „Еко енерџи“ Перо Стојчев вели дека добивањето на лиценца за канабис не е никаква компензација на власта кон неговото семејство. Тој апелираше до ВМРО-ДПМНЕ да не го злоупотребуваат името на семејството Стојчеви.

Поранешниот градоначалник на Ново Село Боро Стојчев и членови на неговото потесно семејство беа осудени на затворски казни, откако пред две години беа фатени во шверц со цигари, на див премин на македонско-бугарската граница. Набргу потоа, Стојчев си даде оставка од градоначалничката функција.

Од лани до сега ниту една институција не го истражувала процесот во кој синот на осуден криминалец се стекнал со лиценца за медицински канабис.