Цел круг – Алијанса почна со СДСМ и се врати во владиниот скут по пет години

Алијанса за Албанците направи цел круг и се врати на истото место од каде почна пред речиси повеќе од пет години, на Илинденска во „владиниот“ скут на СДСМ и ДУИ.

АА беше дел од првата Влада предводена од Заев со две министерски места, Сухејл Фазлиу како министер за локална самоуправа, и Арбен Таравари како министер за здравство, кој сега е актуелен градоначалник на општина Гостивар и нов лидер на партијата.

Да потсетиме дека во тогашната структура на АА беа вклучени повеќе политички субјекти кои ја формализираа соработката помеѓу албанската опозиција, а единствено БЕСА од поголемите албански опозициски партии настапи самостојно на изборите, даде поддршка за промени, но не влезе во Владата. Тој став на БЕСА се менуваше низ годините, едно време беа и дел од Владата, но партијата потоа успеа да се стабилизира како главен противник на ДУИ иако од нејзината структура се „откина“ Алтернатива, сега веќе поранешниот владин коалиционер предводен од Африм Гаши.

Судирот меѓу Зијадин Села, поранешниот претседател на АА и Али Ахмети беше пресуден партијата да му го сврти грбот на Зоран Заев, но тоа и донесе релативно добар резултат на локалните избори во 2017 година.

Единствена конзистентност е неконзистентноста на албанската опозиција

Сега по повеќе од пет години АА покажа нестрпливост за доаѓање на власт, без видлив напредок како опозиција на двоецот СДСМ-ДУИ. Најпрво се „истрча“ со претходните партнери Мицкоски, Касами, Апасиев и Гаши, но само еден пратеник од новото најавено парламентарно мнозинство се одметна од групацијата која собра 61 потпис за рушење на власта на СДСМ и ДУИ.

Линк до целата анализа на Фактор.мк.