Бизнисот ќе очекува од политичарите да ги реализираат изборните ветување, велат стопанствениците

Македонија е исправена пред нова политичка промена, но она на што ќе треба да обрне посебно внимание новата Влада е како да се спречи нов бран на поскапувања по растечките тензии кои може да предизвикаат раст на цените на енергенсите. А она што ќе мора да се концентрираат економските ресори е Македонија да обезбедува што е можно повеќе храна, бидејќи растечкиот увоз не прави ранливи, велат од Стопанската Комора на Македонија.

Бизнисот ќе очекува од партијата која ќе ја формира идната Влада да не ги заборави ветувањата и да ги спроведе во праксата. Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора, вели дека се надеваат дека она што го договориле и да се реализира, макар и да не се согласуваат со некои идеи.

  • Тој е пријатно изненаден од фактот дека претседателските кандидати се претставиле пред Комората некои со добри, а некои со не толку добри економски програми, уште пред да почне кампањата. Сепак, ним како Комора им се позначајни парламентарни избори. Бизнисот е уверен дека земјава е пред политичка промена, вели Пешев.

Нивните очекувања се за поголема излезност на 8 мај, за време на парламентарните и вториот круг претседателски избори, а на новата влада и порачаа – она што е договорено со стопанството пред изборите, доследно да се спроведе за да можат компаниите да го прилагодат своето функционирање на новите услови.

  • Македонија е исправена пред нова политичка промена, но она на што ќе треба да обрне посебно внимание новата влада е како да се спречи нов бран на поскапувања по растечките тензии кои може да предизвикаат раст на цените на енергенсите. А она што ќе мора да се концентрираат економските ресори е Македонија да обезбедува што е можно повеќе храна, бидејќи растечкиот увоз не прави ранливи – истакна Пешев.

Тој ги пофали претседателските кандидати кои најдоа за сходно да ги претстават своите програми пред бизнисот.