Царовска укинува македонски учебници, царината со експресен увоз на бугарски книги

Царинската управа на Македонија воспоставила експресна процедура за увоз на Бугарски книги во Македонија.

Целата процедура која е подготвена од македонска страна овозможува бугарските активисти кои носат бугарска пропаганда во земјава да ги увезат книгите за десетина минути.

Ова во видео изјава го открива Виктор Стојанов од бугарската Фондација Македонија кој вчера увезол 950 книги со бугарска содржина во која се промовираат бугарските гледишта за Македонија.

Во исто време во Македонија министерката Царовска упорно се труди да го протурка законот со кој ќе се укинат печатените учебници за учениците по трето одделение.

Огромен дел од јавноста смета дека Царовска инсистира на укинување на учебниците за да може полесно да се менува нивната содржина согласно барањата на соседите, пред се на Бугарија.

Видео изјавата на Стојанов за скратената царинска процедура за увоз на бугарски книги на овој линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3880558325355983&id=100002055606939