Најнова вест

Џани Алиоски жртва на нечисти игри

Саудиски удар врз македонскиот идентитет со бугарски јазик

Најмоќната граѓанска иницијатива која со месеци се бори против планот на министерката за наука и образование за нов начин на настава веќе нема да го толерира однесувањето на Царовска.

Претставничката на групата “Учебници и Настава мора да има” Драгана Спасевска вели дека откако Царовска не прифатила ниту едно од 8те барања на иницијативата и одбива да се сретне на разговор ќе има повик за бојкот на наставата.

Бојкотот треба да започне од 6 септември понеделник.

Во продолжение целата објава на Драгана Спасевска.

ПОЧИТУВАНА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ!

На 26.08.2021 година поднесовме барање до МОН за работна средба со нас родителите и јавно кажавме дека даваме најкраток можен рок и последна молба за прием кај Царовска.

Меѓутоа, утре е 1-ви Септември, а МОН нема абер да се јави за средба, ниту пак ги интересираат нашите барања!

БИДЕЈЌИ ниту едно од нашите осум барања не е исполнето откако постоиме и се бориме како иницијатива.

БИДЕЈЌИ родителите не дале своја согласност за дигитализација и не се сложиле со новата концепција!

БИДЕЈЌИ немаме услови да купуваме таблети ( а не ни сакаме) само поради избрзаните идеи на Царовска!

БИДЕЈЌИ немаме учебници за 1-во и 4-то одделение! Ниту се обновиле учебници за другите одделенија до сега!
БИДЕЈЌИ носите реформи без да се врати ЗАКОНОТ!

БИДЕЈЌИ немаме услови за целосна инклузија на децата со попреченост!
БИДЕЈЌИ се мистерија новите протоколи и мерки за децата! Децата во развој треба да дишат!

БИДЕЈЌИ ни се одземени нашите права како РОДИТЕЛИ за да одлучуваме за образованието на нашите деца!

НАЈАВУВАМЕ ДЕКА ОД 06.09. 2021 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК) ЌЕ ИМАМЕ ЦЕЛОСЕН БОЈКОТ НА НАСТАВАТА!

ЗА ОВАА ОДЛУКА ЌЕ БИДЕ ПРАТЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО УЧИЛИШТАТА НИЗ МАКЕДОНИЈА НА НИВНАТА E-MAIL АДРЕСА.

СО ПОЧИТ
НЕЗАДОВОЛНИ РОДИТЕЛИ