Царовска: Фирмите да ги дадат платите, а ќе има и санкции

„Платите итно треба да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од нивна страна, ова е голем пропуст којшто е направен и секако дека санкционирање на фирмите ќе се случи“ изјави денеска одговарајќи на новинарско прашање министерката за економски прашања Мила Цароска.

Од Владата вчера најавија дека ќе побараат од Обвинителството покренување постапка за утврдување кривична одгворност против одговорните лица во компаниите кои ја злоупотребиле државната помош и наместо плати за разботниците во време на корона-криза, парите ги задржале за себе.

Вчера беше објавен и списокот на фирми кои што ја злоупотребиле државната помош.

Станува збор за за 708 компании кои за април и мај зеле околу 385 000 евра од државата за субвенции на платите, но не им ги исплатиле на нивните вработени.