Царовска демантирана за предметот историја директно од Финска

Повикувањето на министерката за образование Мила Царовска на т.н. фински модел во најавата за укинување на посебноста на наставниот предмет историја и негово вклопување во заедничкиот „општествени науки“ со географија и со граѓанско општество доби демант директно од Финска.

Македонско-финското здружение за тоа се обрати на социјалните мрежи до Финскиот одбор за образование, во чие име одговори задолжената за односи со јавност Ане-Софи Песола.

„Ви благодарам за вашата порака, ја проследив до советникот за настава одговорен за предметот историја (Кристина Каихари) и го добив следниот одговор: ‘Во Финска историја е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште. Во основата на новата наставна програма во Финска знаењето на историја и на историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени. Историјата е база со која се гради визија за иднината. Исто така, користењето на историјата како основа за аргументирање и образложување на различни одлуки во политиката и во медиумската комуникација е зголемено. Во Финска историја и општествени науки се изучуваат како посебни предмети, а не заедно. Значи, македонската министерка не ја зборува вистината’“.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=713296399561004&id=193264898230826