Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, по вчера објавениот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија вели дека “да не беше ваков геополитичкиот контекст, се стекнува впечаток дека Европската коисија ќе нотираше и назадување во клучните области.
„Но, како и да е, Извештајот го потврдува тоа што македонските граѓани добро го знаат – царот е гол, колку и да се пeрчи“! изјави за Дојче веле, Димитров.
„Суштината на Извештајот е буквално во првите две реченици на комуникацијата на ЕК, кој е еден од документите во пакетот: македонските власти постојано зборуваат дека членството во ЕУ им е стратешка цел, ама крајно време е да почнат да испорачуваат, посебно во најважните области – судството, борбата против корупцијата, јавната администрација, јавните финансии и јавните набавки”, посочува поранешниот шеф на дипломатијата.
Вели дека Извештајот е дециден оти нема никаков напредок ниту во судските реформи, ниту во борбата против корупцијата, а во судството на тапет сосема логично е ставен Судскиот совет…
