Во моментов Работната група работи точно на она што треба да се смени во Уставот. Односно каде терминот „дел од народи“ „зашто и самата преамбула така почнува) „македонскиот и дел од албанскиот, дел од турскиот и ги наведува како „дел на народи“ каде тоа треба да се прошири во енумерирање, набројување на деловите на народи, вели претседателката на Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот Маргарита Цаца Николовска.

„Имајќи во предвид дека и самите уставотворци од самиот почеток при формулирање на Преамбулата и при формулирање на одредени членови на нормативните делови од Уставот во делот на дијаспората и во делот на Комитетот на заедници отвориле врата, оставиле отворена врата со зборот „и други“ и тука може да се вметнат и другите народи за коишто сега имаме и барања и обврска и тие народи да ги внесеме во Уставот како што на самиот почеток сме внеле одреден број на народи“, вели Цаца Николовска, претседателката на Работната група подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот.

Цаца Николовска за Слободен печат“ вели ги демантира, според неа, невистините кои ги лиферуваше опозицијата дека нивниот мандат е за редефинирање на македонскиот устав иако постојат низа документи од Собранието, Владата и Министерството за правда за тоа зошто и како е формирана Работната група.

„Нашиот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот. Тоа што одредени личности тоа сакаат да прикажат не знам од кај ги вадат. Тие велат дека имаат од внатре луѓе кои им доставуваат вакви информации. Ние во самата Работна друга, сме се договориле Јас ги повикувам тие ако постојат, ако лиферуваат одредени информации барем да лидферуваат вистински информации, да кажат што ние до сега сме работеле. Ние сме го работеле Деловникот токму заради овие ситуации да немаме бегање од овие ситуации, ние имаме бегање од тоа што ни е мандатот. Имаме и решенија коишто наведуваат што и како. Сè друго што политичките партии што зборуваат, тоа е нивно мислење, и не можеме да го стопираме или негирање“, рече претседателката Цаца Николовска за Слободен печат.