Бузлески од Германија до конзулот Демири: Како да донираме на сметка со која раководат недомаќини?

Македонскиот активист од Германија, Александар Бузлески, преку Фејсбук му одговори на конзулот Реџеп Демири за апелот за донации за справување со коронавирусот во Македонија.

„Почитуван наш конзул и сограѓанину Rexhep Demiri

Со оглед на тоа дека меѓу останатите 20 организации и лица во Германија, сте ме удостоиле лично да ми се обратите со официјален апел за донации, еве и јас да Ве удостојам јавно да ви се заблагодарам на честа, и воедно јавно да Ве прашам:

-Каде бевте кога го блокиравме центарот на Франкфурт и демонстриравме против договорот од Нивици?

-Каде бевте кога го блокиравме Бон и демонстриравме против договорот од Нивици?

-Каде бевте кога владата која Ви ја дала таа функција ја сатанизираше дијаспората?

-Каде бевте кога флагрантно пробаа да ни го одземат правото на глас на претстојните вонредни парламентарни избори? ……

Иначе ние секогаш сме помагале и ќе помагаме, но само директно на оние кои насушно имаат потреба од помош…

Како да донираме на сметка со која раководат недомаќини?

Поздрав и убава вечер наш сограѓанину…“, објави на својот профил еден од најзаслужните за признавањето на македонските возачки дозволи од Германија, кој expres.mk го претстави во февруари.