Тројцата поранешни американски претседатели ги здружија силите во новата група за поддршка на бегалците од Авганистан, кои се населуваат во САД по неодамнешното повлекување на САД од Авганистан, објави Ројтерс.

Поранешните американски лидери и нивните сопруги ќе служат како дел од Welcome.US, коалиција во која се вклучени и бизниси и други лидери која има за цел да им помогне на десетици илјади Авганистанци кои ја напуштија својата земја да се преселат во Соединетите држави преку мобилизирање поддршка и волонтери.

„Илјадници Авганистанци застанаа со нас на фронтот за побезбеден свет, а сега им треба нашата помош. Горди сме што ја поддржуваме Welcome.US за да им помогнеме на авганистанските семејства да се смират и да изградат нов живот”, коментираше Џорџ Буш за време на чиј мандат започна американската интервеција во Авганистан.