Од земјите членки на Европската Унија засега нема сигнали дека на претстојниот самит во јуни, Македонија и Албанија да бидат раздвоени од заедничкиот пакет за отпочнување на преговорите со ЕУ, доколку Бугарија остане на „ветото“.
Ова го потврди и романскиот министер за надворешни работи Ауреску кој на средба со министерот Бујар Османи рече дека Букурешт нема да поддржи раздвојување.
„Немаше разговори за одвојување на Македонија и Албанија и не го поддржуваме тоа раздвојување во овој момент. Мислам дека е многу важно да се најде решение за што е можно пристапување со двете земји заедно“, рече тој.
Според информациите на Бујар Османи во овој момент голем дел од земјите членки членки на ЕУ, сметаат дека доколку дојде до развојување, тоа ќе биде негативно за регионот.