„Лице кое оди да се тестира на ПЦР тест е задолжително да седи во самоизолација до добивање на резултатот на тестот“, рече претпладнево Ирина Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во емисијата „Утрински брифинг“ во врска со најавената тужба од градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков кој по ковид-тестот се појавил на чевствувањето на Водици меѓу охриѓани.

Според Бухова, „од октомври 2020 однесувањето на лица кои одат на тестирање и нивно однесување до добивање на резултатотот е ставено во член од закон. Зарем треба да си дозволуваме да толкуваме закон? Член 28 во Закон за заштита на население од заразни болести ја толкува уредбата која веќе сите медиуми ја пренесоа“.

Пецаков, при тестирање за патување во странство добил позитивен резултат на Ковид 19, по завршувањето на богојавленските свечености во Охрид, на кои тој присуствуваше. Веднаш потоа тој направил уште еден ПЦР тест во истата установа, Центар за јавно здравје – Охрид, кој бил негативен

Градоначалникот на својот фејсбук-профил  појасни дека не чувствувал никакви симптоми, но оти ПЦР тестирањето го направил заради потреба од патување во странство. 

Тој најави тужба против директорката на Инспекторатот.