Бугарското МНР предупредува за правата на Бугарите во Македонија

Министерството за надворешни работи на Бугарија излезе со официјален став откако македонскиот премиер, Зоран Заев, на 3 септември даде провокативна изјава во врска со правата на Бугарите во Македонија. објави синоќа Њуз.бг.

„Ги знаеме проблемите со кои Бугарите се соочуваа во минатото и за жал продолжуваат да се соочуваат до ден денес: репресија, говор на омраза и нееднаков третман исклучиво заради изразување на нивниот бугарски идентитет. Континуираната практика на поддржување на предрасудите и негативните стереотипи кон Бугарија и бугарскиот народ, вклучително и преку медиуми, учебници и споменици, како и напади врз бугарските национални симболи и плочки, дополнително придонесува за создавање негативни ставови и неповолна средина за бугарските граѓани во Република Северна Македонија“, предупредуваат, меѓу другото, од бугарското МНР.

Њуз.бг пренесува дека „Бугарија ќе посвети посебно внимание на сите процеси поврзани со создавање на неопходните услови за слободна самоидентификација на граѓаните со бугарска самосвест “.

Агенцијата пишува дека ова последното има врска со изјавата на Заев која е дадена пред втората фаза од пописот во Македонија, во која „Бугарите масовно беа убедувани да се идентификуваат како Македонци, бидејќи, според безбедносната служби, Бугарите биле „ѕверови и убијци на македонскиот народ и ги силувале нивните жени“.