Бугарското МНР го искара Еди Рама

Бугарското Министерство за надворешни работи остро реагираше на зебелешките на албанскиот премиер Еди Рама на безбедносниот форум во словенечкиот град Блед, оценувајќи ги за неприфатливи, јави дописникот на МИА од Софија.

„…Бугарија е таму и ги зеде како заложници Северна Македонија и Албанија одамна, додека сите други беа подготвени да ни кажат „да“ по 8 години. Но, да се биде трагично оптимист значи дека е трагично да се чека 8 години. Но, добро е да се биде оптимист, бидејќи за Северна Македонија поминаа 17 години, па може да биде и полошо. Затоа подобро насмевнете се и продолжете понатаму. Значи Бугарија го создаде ова, а не Русија. Земја-членка на НАТО која зема за заложници уште две земји членки на НАТО додека војната започна. Можеби оваа војна ги натера нашите европски пријатели, особено Емануел Макрон, кој беше и следниот претседател на Советот во тоа време, да бидат повеќе склони целосно да останат без спиење, а јас бев со него 24 часа на Самитот на НАТО за да ја убедам Бугарија дека тоа не е добра идеја и ете се реши – рече Рама, пренесува албанската новинска агенција, АТА.

Според бугарското МНР, ваквото однесување на Рама е непристојно за премиер на земја кандидат за членство во ЕУ. Бугарија не ја прифаќа изјавата на Рама дека осум години го блокирала почетокот на преговорите за членство на Албанија во ЕУ.

Според бугарското МНР , Министерството веќе го искажало својот став во врска со антибугарската реторика на премиерот на Република Албанија, Еди Рама, која стана постојан рефрен на неговиот политички говор. Сега, според бугарското Министерство, тоа е комбинирано и со антиевропски фокус и обид за понижување на механизмите на европскиот процес.