Министерството за надворешни работи на Бугарија реагира на негативното мислење на Комисијата за употреба на лични имиња за употребата на името на Иван Михаилов од страна на здружението Центар за култура „Иван Михаилов“ – Битола и на решението на Централниот регистар во Македонија со кое се одбива името на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид.



Според бугарското МНР одлуките на властите во Северна Македонија се директно поврзани со степенот на демократизација во земјата.

„Централниот регистар на с. Македонија доставил околу 17.000 невладини организации на разгледување до Министерството за правда. Во законскиот рок, негативни решенија за користење на имињата избрани од нивните основачи добија само здружениот културен клуб „Иван Михаилов-Битолија и „Цар Борис III“. Овој факт покажува дека набрзина донесените и без јавна дискусија измените во Законот за здруженија и фондации, со можност за ретроактивна примена, се направени со една единствена цел, а тоа е бришење од Централниот регистар на две организации на Бугарите во Македонија.

Тие се во спротивност со заложбите на Скопје во областа на човековите права и обврската да обезбеди еднакви права и слободи за сите граѓани, вклучително за оние кои се дефинираат како Бугари“ се вели во соопштението на МНР.

Во соопштението се потсетува дека „во 2009 година Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против Македонија за повреда на чл. 11 од ЕКЧП (право на здружување). Во одлуката на судот се наведува дека името на здружението „Радко“ (псевдоним на Иван Михаилов) само по себе не може да се земе како ризик и закана за јавниот ред“.

„Настаните од вчера уште еднаш ја покажуваат потребата да се постигне објективно толкување на историските настани и личности од заедничката историја меѓу Бугарија и с. Македонија. За таа цел беше формирана Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Денеска сме сведоци како едностраните и пристрасни толкувања на историските настани можат да се користат како аргумент врз основа на кој властите носат одлуки за ограничување на основните права и слободи“, велат од бугарското МНР.

Се потсетува истовремено дека „според Записникот од состанокот на Мешовитата меѓувладина комисија потпишан на 17 јули 2022 година, формиран врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, с. Македонија се обврза да преземе мерки за да обезбеди ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во земјата. Бугарија ќе го следи спроведувањето на преземените обврски“, пренесоа бугарски медиуми.