Бугарско МНР: Антиевропски сили стојат зад македонскиот клуб во Благоевград

Бугарското Министерството за надворешни работи го критикува на отворањето на македонски клуб во Благоевград од страна на „забранетата организација „ОМО Илинден“, пренесува Њуз.бг.

„Министерството за надворешни работи нема навика да коментира постапки на бугарски државјани на бугарска територија, кои се од строго приватен карактер. Во овој случај, поединец кој се претставува како непостоечка организација (ОМО Илинден) изнајмил простории од друго приватно лице, претворајќи го во клуб, именуван по бугарскиот поет (Никола Вапцаров).

Нам ни е интересно како таквата акција е поттикната од двете најголеми опозициски партии во Скопје“, рече заменик министерот за надворешни работи и портпарол, Констадин Којабашев.

За Османи е спорно отворањето на македонски клуб во Благоевград

На отворањето на клубот, в недела, нема да присуствуваат официјални претставници на македонската држава.

Присуствуво на настанот најавија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и од партијата „Левица“.

„Не е тајна дека овие две партии имаат антиевропски убедувања и водат политика против евроинтеграциите на РсМ. Нивните постапки треба да се разгледуваат во поширок контекст – интересите на трети земји против проширувањето на ЕУ“, рече Којабашев.

Според Којабашев, ова е обид вештачки да се предизвика тензија од двете страни на границата.

„Очигледно се работи за оттргнување на вниманието на јавноста од праведната борба за граѓански права на Бугарите во РсМ. Очигледно е чии интереси служи овој намерен план“.

Дипломатот ја повика бугарската јавноста да пристапи мирно.

Бугарското МНР официјално нема да реагира на оваа провокација бидејќи во неа се вклучени бугарски граѓани и претставници на партии кои не се во владата на нашиот западен сосед.