Неколку дена пред отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров Окружниот суд во Благоевград донел одлука за забрана на граѓанското здружение.
Во ликвидација“ – пишува во досието во Централниот регистар на Бугарија покрај името на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човекови права, кое го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, дознава 360 степени.
„Јас не знаев, сега разбрав дека нашето здружение е укинато“. вели еден од основачите на Клубот кој бил формиран уште во 2019.
Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарскиот Устав и законите.
Претходно, градоначалникот на Благоевград изјави дека клубот е нелегитимен и дека тој претставува „обична канцеларија“.
„Клубот е нелегитимен затоа што местото на кое се одржа собирот не одговара на законот за просторно планирање каде не се предидува културен центар. Повеќе би рекол дека тоа е канцеларија во која луѓето се собираат на приватна основа“, изјави денеска за бугарските медиуми градоначалникот Илко Стојанов.
Повеќе на видеото подолу
