Директорот на бугарската антимакедонска фондација ,,Македонија” Виктор Стојанов го објави тајниот телефонски број на Виктор Димовски кој е директор на македонската Агенција за национална безбедност.
Стојанов кој е бугарски шовинист со агенда Македонците да ги претвори во Бугари бара Бугарите да го контактираат Димовски и да го прашуваат зошто дал македонски пасош на руски шпиони под контрола на Путин.
Бугарскиот антимакедонец кој е продукт на бугарските тајни служби со кои соработува и Димовски веројатно бројот го добил од бугарски оперативци во Скопје. Тој Димовски го нарекува Србин.
Бројот на Димовски го нема ниту еден македонски новинар.
,,+38971325*** – Ова е телефонскиот број на Виктор Димовски – директорот на АНБ во Скопје.
Пиши на Вибер и прашај го: зошто мене, граѓанин на ЕУ, ми го забрани пристапот во Република Македонија, а на Русинот Александар Онишченко, човек на Путин (кој е на црната листа на САД) му даде македонско државјанство!! !
До кога ќе толерираме Србите од Скопје да се потсмеваат на се бугарско и европска унија додека тие служат на Србија и Русија и аплицираат за ЕУ и земаат пари од Брисел????
Пиши му и прашај го!”, објави бугарскиот шовинист Стојанов.
Димовски во петок пред комисијата за надзор на АНБ и АР ќе треба да даде отчет зошто му дал пасош на човекот на Путин.