„Јас не преговарам со терористи“. Ова го истакна премиерот Николај Денков по повод најавениот протест на производителите на жито во Бугарија.
Производителите бараат да сопре увозот на жито од Украина бидејќи е доведено во прашање нивното домашно производство поради тоа што увезеното е многу поевтино.
Тие најавија протест и блокада на Софија на 19 септември.
Но, според премиерот, во последните денови производителите почнале да се однесуваат како терористи.
Тие користат лажни аргументи, бараат тоа да се случи веднаш: „Ако не го сторите тоа, ќе ја блокираме државата“, ги цитираше тој нивните закани.
Премиерот посочи дека очекува производителите на жито да дојдат на преговарачка маса и да разговараат за суштината.
Тие одбија средба.
Денков е категоричен дека бугарскиот пазар не може да биде затворен за производи од Украина.
Светот се движи кон размена на стоки, нагласи тој и увери дека Владата работи во интерес на бугарските граѓани – да се намали инфлацијата и да не пораснат цените на храната.
Според него, инфлацијата секако ќе биде помала доколку имаме слободен пазар.
