Бугарскиот парламент одлучува за воена помош за Украина

Денеска се очекува пратениците во бугарското Народно собрание да донесат одлука за воена и техничка помош на Република Украина.

Три партии од владејачката коалиција се за давање воена помош, четвртата БСП – е против.

Имаше најава од страна на БСП дека партијата ќе ја напушти владата доколку се изгласа испраќање воена помош за Украина.

Бугарскиот претседател Румен Радев предупреди дека при донесување на таква одлука треба да се земе предвид безбедноста на Бугарија која е на 200 километри и има заедничка поморска граница со Украина

Вчера социјалистите во партиското седиште разговараа за ова прашање и изразија различни ставови околу формулацијата „поправка на воена опрема“.

ИТН на Слави Трифонов соопшти дека нивната пратеничка група ќе гласа по совест во парламентарната сала, а нивниот пратеник Станислав Балабанов кој беше дел од делегацијата што го посети Киев минатата недела, најави дека ќе ги запознае своите колеги со она што го видел на теренот во Украина.

До парламентот се поднесени три предлози за помош на Украинаод „Продолжуваме со промената“, „Демократска Бугарија“ и од ГЕРБ.