Бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје, од денеска во нови простории

Денеска во Скопје свењчено се отвораат новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар. На отворањето, според најавите од бугарските медиуми, ќе присуствува министерот за култура Велислав Минеков.

Бугарскиот центар претходно дејствуваше во рамјите на бугарската амбасада во Скопје.

Од септември оваа година беше преместен во центарот на градот.

Новата зграда има отворена и затворена галерија, читална и библиотека со над 10.000 тома.

Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје е отворен во 2006 година.