Академици, интелектуалци и јавни личности кои се обединија во таканаречениот Националниот кружок „За Македонија“ бараат итна средба со претставниците на сите пратенички групи во бугарското собрание.

Со здружение „За Македонија“ ќе го бранат бугарскиот интересе

Тие, како што пренесуваат медиуми, се загрижени за сигналите што бугарските власти ги испраќаат за идните активности што ќе ги преземе Бугарија во однос на членството на Македонија во ЕУ.

Тројца претставници на Националниот кружок, професорите Николај Овчаров, Ана Кочева и Пламен Павлов во писмо до пратеничките групи нагласуваат дека не се против соработка и дијалог, но тоа не може да биде на сметка на Бугарија и на вистината.

„Мора јасно да се разбере дека ова е битка за Бугарија, а не за С.Македонија. Битката е за бугарската историја, култура и јазик. Подржувањето на сегашната позиција на Република Бугарија е прашање на национална безбедност“, велат тие.

Наведуваат дека тие се граѓанска платформа без политички амбиции или претензии и единствена цел им е заштита на националниот интерес.