Бугарскиот извоз во Македонија зголемен за 46 проценти, а увозот за 28 отсто

Извозот од Бугарија во Македонија во првите осум месеци од годинава скокнал за 46 проценти на годишно ниво, а увозот од западниот сосед се зголемил за 28 отсто, покажуваат податоците на бугарскиот Национален статистички институт.

Од јануари до август годинава Бугарија извезла стоки во Македонија во вредност од 670 милиони лева, што е за 211 милиони лева повеќе во однос на истиот период 2020 година.

Од Македонија, пак, во наведените осум месеци се увезени стоки вредни 462 милиони лева, па во трговската размена со својот сосед Бугарија е во позитива од речиси 209 милиони лева.