Бугарски закани до жителите на Пустец: Пишете се Бугари или…

Во Албанија во тек е пописот на населението, а бугарски активисти, претставници на власта, невладини организации во овој период се многу активни меѓу Македонците во Албанија обидувајќи се да ги убедат дека се Бугари.

Се ветуваат пасоши, стипендии, бесплатно школување во Бугарија, работа…


Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“, преку социјалните мрежи дури упати и закана:

„До сите жители на Пустец, ако не се пишете како етнички Бугари на пописот, ќе ви се одземат пасошите, а ако сте во процедура за пасош ќе биде прекината, напиша на својот фејсбук-профил“, пренесува МКД.Мк.

„Веќе имаме еден таков случај. Помислете“, напиша Стојанов на својот фејсбук-профил.