рофесорот на софискиот „Нов бугарски универзитет“, Михаил Иванов, коосновач на Клубот за бугарско-македонско пријателство и некогашен советник за етнички прашања на поранешниот бугарски претседателот Жељу Желев, смета дека барањето на Бугарија за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав претставува „непромислено инсистирање“ на бугарските националисти, бидејќи на тој начин се воспоставува јасна уставна етничка разлика меѓу Македонците и Бугарите“.
Во интервју за БНР, Иванов вели дека „тоа значи вклучување (на Бугарите) во Преамбулата заедно со македонскиот народ како посебна етничка заедница“ заедно со . Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, како и за другите етнички заедници.
Тој нагласува дека му е чудно што бугарските националисти на цел глас трубат дека Бугарите и Македонците се еден ист народ, а во исто време сакаат да воспостават јасна уставна и етничка разлика меѓу Македонците и Бугарите.
Според Иванов, со унилатералната изјава во однос на македонскиот јазик, Бугарија всушност измисли „вештачка формула“ со која се прави обид „да не се каже дека го признава македонскиот јазик“ и со тоа се создаде неверојатна бариера во односите меѓу двете земји.
