Политологот Ана Крстева од Бугарија ја критикува позицијата на нејзината земја во однос на блокадата на евроинтрацијата на Македонија.
„Бугарија успеа да ја промени својата улога од добро момче за време на претседавањето со Советот на Европската унија со улогата на лошо, откако ги блокира преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ. Противречностите меѓу државите треба да се решаваат на европско ниво, но Бугарија го посакува токму обратното – да ја ангажира ЕУ на своја страна. Не успеваме да објасниме што точно ни пречи. Бугарија звучи како од минатото, а не од иднината. Сопствениот развој би ни се забрзал ако повеќето наши соседи се членки на ЕУ“, изјави Крстева за Блумберг ТВ Бугарија.