Должност на младиот премиер Димитар Ковачевски е критички да ги погледне сите ќошиња на македонската историја, а не само онаа проникната со митологија за Титовите партизани, пишува Иван Николов новинар, публицист, издавач, главен уредник на списанието Бугарија-Македонија и редовен колумнст на агенцијата БГНЕС.

Од крајот на 2021 година, а особено од почетокот на 2022 година, во Скопје има одредена зголемена доверба дека Бугарија конечно ќе отстапи.

Се разбира, тоа е поттикнато од јасниот надворешен притисок од различни претставници на лобирање, идеолошки, политички и геополитички интереси, врели Иванов.

Тој го прозива специјаниот пратеник на макеронската влада за Бугарија, екс-премиерот, Владо Бучковски.

„Политичарите како Владо Бучковски, наместо да им помагаат на младите лидери во подем критички да ги анализираат изминатите 78 години, кога зборот „Бугарин“ масовно беше избришан од биографиите на сите лидери од областа на духовноста и борбата за слобода, продолжуваат да влеваат лаги за исконската историја на новиот (македонбски -н.з.)национален идентитет„ вели Иванов.

Тој вели дека Бугарија, можеби повеќе од себе си, сака младата република (Македонија -з.н) да стане полноправна членка на европското семејство, но без трикови!

„И тука е улогата на новите лидери како Димитар Ковачевски. Како млад државник нека погледне подлабоко од пропагандниот рефрен во историјата на сопствениот народ. Да се ​​внимава на оние децении за кои ништо не пишува во учебниците и во книгите на професорите од МАНУ “, вели Иван Николов во „анализа“ за БГНЕС.

Иванов порачува:

„Господине Ковачевски, ставете ја раката на срцето и кажете дали некогаш сте допреле бугарска книга што слободно се продава во книжарниците во Македонија, како српските книги и весници?!

А, дали сте слушнале нешто поразлично на училиште, на факултет, во општеството од антибугарските пропагандни клишеа што се уште кружат во македонските „независни“ медиуми?“

Сетете се само на кампањата што вашата партија ја организираше против бугарскиот пасош на Даниела Арсовска, како кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, и објаснете дали тоа е „европска вредност“?

И не ги слушајте шепотењата на Владо Бучковски или Бранко Црвенковски, ниту критиките на Кристијан Мицковски. Тие се неповратно изгубени пред вистината затоа што не сакаат да ја слушнат“ пишува Иванов.